Mazda 6 го покажа своето новото издание!

Mazda 6 го покажа своето новото издание!

Mazda по втор пат ја освежи актуелната “шестка”, a oсвен новите стилски детали, пристигнува и мотор со 250 коњски сили.

Јапонскиот произведувач ја претстави рестилизираната Mazda 6 за 2018 година, а ова е веќе втор редизајн од 2012 година кога е лансирана сегашната генерација.

Автомобилот сега има помодерен изглед кој е во склад со најновото концептно возило на Mazda и новиот CX-5. Напред е променет дизајнот на хаубата, браниците и фаровите, а се забележува и поголемата застапеност на украсните хромирани детали, додека на задната страна, разликата помеѓу старата и новата верзија е подискретна.

Кокпитот е исто така нов – Mazda уште повеќе го поедноставила изгледот на командната табла благодарение на вентилационите отвори кои се подобро вклопени во ентериерот на возилото, но и новите, помодерни команди на клима уредите.

Mazda, барем за потребите на американскиот пазар, во понудата сместила и нова погонска единица. Санува збор за четирицилиндричниот 2.5 Skyactive G бензинец со турбо полнење, со 250 коњски сили и 420 Nm.

Mazda 6 за 2018 година ќе пристигне на американскиот пазар напролет, додека европската премиера се очекува да биде во март на саемот за автомобили во Женева.