Маурицио Покетино со пофални зборови за Хари Кејн

Маурицио Покетино со пофални зборови за Хари Кејн

Маурицио Покетино после вчерашниот натпревар на неговата екипа имаше само пофални зборови за Хари Кејн.

Фудбалерите на Тотенхем остварија висока победа од 5:2 против Саутемптон, а Кејн постигна хет-трик со кој што собори неколку рекорди.

Многу сум среќен поради тоа што го постигна. Тоа не е само затоа што е голем талент, туку затоа што е и прекрасна личност. Големо задоволство е да се работи со него. Тој е светска класа – изјави Маурицио Покетино и додаде дека тајната на сите светски најдобри играчи е напорната работа.

Тоа е тајната на Меси и Роналдо, како и останатите фантастични играчи. Кога си на тоа ниво, едноставно мора да се бориш со самиот себе за да останеш тука – изјави Маурицио Покетино.