Маска за лице која заменува цел СПА третман!

Маска за лице која заменува цел СПА третман!

Kожата на лицето ви изгледа уморно, имате подочници, а немате доволно време за целосен третман ?! 

Следнава маска за лице и подочници се прави многу едноставно и брзо, а заменува еден спа третман за кој ќе потрошите двојно повеќе време и пари.

Прочитајте како:

Земете го вашето омилено средство за хидратација на кожата на лицето и памучна крпа за лице. Крпата натопете ја со средството за хидратација и ставете ја на целата површина на лицето кое претходно сте го измиле.

Затворете ги очите и оставете да делува 10-15 минути. Трнете ја крпата, а она што вашето лице не успеало да го впие, нежно втријте го на лицето и вратот.

Истиот метод може да се примени и за подочници. Натопете две памукчиња со крем за хидратација кој содржи витамини, ставете ги под очите и оставете да делуваат 10-15 минути.

Темната кожа под очите ќе си ја врати еластичноста и свежината.