Марсениќ воодушевен од хрватските навивачи

Марсениќ воодушевен од хрватските навивачи

Хрватските фанови бурно ги исвиркаа играчите на Србија при најавувањето во салата во Сплит и уште побурно ја исвиркаа химната на Србија при интонирањето пред самиот старт на мечот, но сепак сето ова очигледно беше очекувано сценарио на стартот на Европското првенство, особено за Мијајло Марсениќ кој по крајот на мечот дури и ги пофали домашните фанови.

Ракометарот на Вардар сосема неочекувано ги поздрави хрватските фанови во салата по крајот на мечот, притоа честитајќи им на ривалите за преубедливата победа која ја остварија на отворањето на шампионатот.

– Навистина би сакал да им се заблагодарам на хрватските навивачи, навистина сум позитивно изненаден од нив. Не го очекував ова, – истакнал Марсениќ алудирајќи на тоа што српските играчите не добиле ниту една навреда во текот на мечот и не биле гаѓани со никакви предмети, а потоа се надоврзал на феноменалниот гест на српските ракометари кои му помогнаа на повредениот Дувњак да го напушти теренот.

– Сигурно и тој би го направил истото за нас, тоа е спортски потег. Дувњак е голем спортист, ни порача дека најверојатно не се работи за тешка повреда и добро би било да биде навистина така, – завршил Марсениќ.