Марсело останува во Реал Мадрид до 2022 година

Марсело останува во Реал Мадрид до 2022 година

Бразилецот го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2022 година. Марсело ја прифати понудата на клубот за продолжување на соработката за дополнителни две години, со оглед дека претходниот договор имаше важност до 2020. Тој е еден од клучните играчи во „кралскиот клуб“ речиси цела деценија и тренерот Зинедин Зидан и раководството на клубот сакаат да го осигураат неговото останување на подолг период, бидејќи Реал сака да остане на врвот во Европа.

Со новиот договор ќе добие и зголемување на годишната плата, а најверојатно и зголемена откупна клаузула. Претходно, Реал Мадрид го обнови договорот и со Карим Бензема, а истото се очекува да го стори и Иско.