Марк Закерберг ги отвори вратите од својот дом!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.01.2017 - 17:06

Основачот на најголемата социјална мрежа Фејсбук, Марк Закерберг, во последно време сѐ повеќе и дозволува на јавноста да ѕирне во неговиот приватен живот, кој претходно го држеше далеку од љубопитните очи.

Овој млад програмер е еден од најбогатите луѓе во светот, но сепак тој живее доста скромен живот заедно со сопругата Присила Чен, бебето и кучето.

Неодамна, Закерберг го презентираше својот најнов пронајдок - паметниот дом наречен Џарвис. За таа цел, тој ги отвори вратите од својот дом, објаснувајќи како вештачката интелигенција му помага во секојдневниот живот.

Иако звучи зачудувачки, нема ништо претерано и екстравагантно во домот на овој милијардер. Па дури, многумина би рекле дека вилата во Пало Алто изгледа многу скромно.