Марија Шерифовиќ на соло концерт во Скопје!

Марија Шерифовиќ на соло концерт во Скопје!

Единствената српска победничка на  Евровизија и позната балканска музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ најавува голем солистички концерт за прв пат во Скопје!

На 17. Март 2018 година во Вип Арената Борис Трајковски, поп пејачката ќе оддржи спектакл за паметење. Празник за уши за сите оние кои ја сакаат музиката и гласот на Марија Шерифовиќ.

Публиката ќе има прилика да ужива во најголемите хитови како што се: “Молитва”, “Бол до лудила”, “Паметна и луда”, “Горка храброст” и многу, многу други.
Билетите за овој спектакуларен концерт кој се оддржува за прв пат кај нас, пуштени се во продажба од денес (28.12.2017) и истите може да се набават на сите продажни места на КупиКартиЗаСе, Пола Југотон, Југотон, Цвеќара “Розе” – Веро2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.