Манчестер Јунајтед ќе биде незапирлив идната сезона!

Манчестер Јунајтед ќе биде незапирлив идната сезона!

Шампионската титула дефинитивно следната година би припаднала во рацете на Манчестер Јунајтед доколку тренерот Жозе Мурињо ги исполни своите очекувања во трансфер периодот.

Манчестер Јунајтед веќе работи на засилувања, а Мурињо ја продолжува својата трансфер политика. Има визија, цел кон која тежина, многу лесно би можела да се случи, Манчестер Јунајтед во следната сезона од Премиер лигата да биде главен конкурент за освојувањето на титулата.

Прв, кој би требало да пристигне во Манчестер Јунајтед е Немања Матиќ, српскиот фудбалер кој настапува за Челзи, а цената која се споменува е 40 милиони фунти.

Се шпекулираше дека работата е готова, англиските медиуми беа сигурни во тоа, а наскоро се очекува реализација на овој трансфер. Матиќ веднаш ќе може да го најде своето место во стартниот состав на Манчестер Јунајтед и тоа покрај Пол Погба во средниот ред од теренот.

Се очекува и доаѓање на напаѓач, откако Златан Ибрахимовиќ го напушти клубот поради тешката повреда, а на неговото место би можело да пристигне Ромелу Лукаку.

Лукаку не е далеку од „Олд Трафорд“, па со него, нападот на Манчестер Јунајтед би бил исклучително смртоносен. Покрај него, можно е и доаѓање на Алваро Мората фудбалерот на Реал Мадрид, а тоа најверојатно ќе се случи доколку Вејн Руни се врати назад во Евертон.

Тоа не е се, се очекува и доаѓање на крилен фудбалер или офанзивен играч за врска, а тоа би можело да биде Иван Перишиќ.

Во клубот веќе пристигна Виктор Линделоф, за кого веруваме дека ќе има место во стартниот состав на „црвените ѓаволи“, покрај Ерик Баи.

Еве како би можел да изгледа Манчестер Јунајтед следната сезона: