Манасков оваа сезона во Веспрем

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.03.2017 - 20:34

Дејан Манасков лани од Вардар замина во Рајн Некар Левен, а овој пат се сели Веспрем.


Она што веќе извесно време се шпекулираше денеска доби и официјална потврда од унгарскиот првак. Манасков со Веспрем потпиша едногодишен договор со важност до 30 јуни 2018 година. На негово место Рајн Некар Левен за следната сезона го ангажира младиот шветски репрезентативец Џери Толбринг, а Манасков се реши за преселба во Унгарија.

Веспрем од летово го презема Љубомир Врањеш и тој си креира тим за својот стил на игра во кој влегува и македонското крило. Од следната во Веспрем на лево крило доаѓа и Французинот Кентин Мае од тимот на Фленсбург. Веспрем денеска ги претстави и сите засилувања за наредните две сезони: тренерот Љубомир Врањеш заедно со Дејан Манасков, Мануел Штрлек, Кент Робин Тонесен, Вилијам Акамбре, Кентин Мае и Матијас Ѓер.