Манасков-Лазаров со најдобар гол на СП во Франција!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.02.2017 - 13:35

Светската ракометна федерација (ИХФ) ги одбра најубавите голови од Светското првенство во ракомет кое се одржа во Франција.

Иако нашите репрезентативци не успеаја да го поминат осминафиналето во дуелот против Норвешка, сепак изиграа многу атрактивни натпревари кои ја воодушевија публиката.

Па така, еден од двата двојни цепелини на Лазаров, оној во комбинација со Манасков, е прогласен за најубав гол на целото првенство.

Ова можеби е и заслужено, бидејќи Кире Лазаров беше и најдобар стрелец на првенството со 50 погодоци.