Малото маче кое го уништи Божикното изненадување!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 29.12.2016 - 20:18

Мачките се вистинска енигма. Понекогаш ги обожаваат кутиите и се пикаат во сѐ што ќе најдат, а понекогаш ги мразат. Но, кога станува збор за она што го очекувате од нив, тие скоро секогаш ќе го направат обратното.

Таков е и случајот со двајцата родители кои решиле да и подарат мало маче на својата ќеркичка, како изненадување за Божиќ.

Но, мачето реши да скокне од кутијата пред девојчето да погледне внатре, па нејзината реакција во исто време беше преслатка и пресмешна.

Во еден момент девојчето дури и помисли дека е шега од нејзините родители кои и дадоа празна кутија, но на крајот сепак сѐ добро се заврши...