Малку поразличен електричен автомобил!

Малку поразличен електричен автомобил!

Електричниот автомобил на британската компанија Morgan Motors, кој ја носи ознаката UK1909, е малку поразличен од она што навикнавме да го гледаме на пазарот.

Ова е нивниот прв електричен автомобил во 107 годишната историја на производство на автомобили, а UK1909 многу потсетува на првиот модел на Morgan Motors од 1909 година и е направен како да има три тркала.

Овој автомобил делува забавно и возбудливо, што е малку поразлично од практичноста којашто ја пласираат другите автомобили, како оние на Tesla.

Спортскиот автомобил е прилично гласен за електричен модел, барем така тврдат новинарите на CNN кои имаа можност да го пробаат, има 70 КС и со едно полнење може да помине 240 километри.

Семејната компанија Morgan Motors произвела само 19 вакви автомобили кои ќе ги продава само во Лондон, а цената изнесува околу 65.300 американски долари.

Но, и покрај ограничената серија на производство на UK1909, од компанијата најавуваат дека електричните автомобили ќе станат главен фокус на нивната работа во иднина.