Малиот мобилен телефон Chilli воедно и фиџер спинер

Една од најпопуларните играчки оваа година е дефинитивно фиџер спинерот, а сега се појавува мобилен телефон во таков облик.

Малиот мобилен телефон на Chilli International од Хонг Конг има 1.4-инчен екран и е достапен во шест бои. Внатрешната меморија е само 32 MB, но може да се прошири до 8 GB со SD картичка.

Тоа е едноставен мобилен телефон без апликации, но со интернет пребарувач и Bluetooth.

Цената е 20 долари и моментално се продава само во Индија.