Макс Верстапен изјави дека ќе има некаква претстава за нивните шанси за титула откако ќе мине првиот ден тестирање со новиот болид

Макс Верстапен изјави дека ќе има некаква претстава за нивните шанси за титула откако ќе мине првиот ден тестирање со новиот болид

Макс Верстапен изјави дека ќе има некаква претстава за нивните шанси за титула годинава откако ќе мине првиот ден тестирање со новиот болид на Ред Бул.

За 20-годишниот ова ќе биде 4та сезона во Формула 1 и се надева дека ќе има поконкурентен пакет од лани кога победи на две трки.

Јасно е дека добивате впечаток на почетокот на годината, но тоа не е целта. Најважно е да дојдеме до издржливоста на тестирањето за да точно го одредиме возачките карактеристики на болидот кој ќе го имаме. Но, не можеме да го разбереме болидот се до првиот ден на тестирањето – откри Верстапен.

Малезија и Мексико, како дел од завршницата на Формула 1 календарот, му се посреќија на холанѓанецот и поради тоа тој се надева дека ќе продолжи со моментумот.

Се уште треба да почекаме за да видиме колку ќе бидеме конкурентни со новата шасија и новиот мотор. Но, како возач, секогаш морате да имате огромна верба во себе.

Пред почетокот на оваа сезона сум малку порелаксиран во однос на претходните сезони затоа што знам шео ме чека. Но, физички и психички се подготвувам исто како и до сега – појасни Макс.