Македонската репрезентација ги заврши подготовките за утрешниот дуел со Норвешка

Македонската репрезентација ги заврши подготовките за утрешниот дуел со Норвешка

Македонската репрезентација со денешниот тренинг ги заврши подготовките во Скопје во пресрет на утрешниот дуел со Норвешка.

Тренерот Ангеловски и неговите соработници тестираа неколку опции на секој тренинг, како разни играчи би играле на секакви позиции.

Стручниот штаб и фудбалерите се свесни дека ќе играат со противник чија најсилна страна се дуелите и играта во воздух.

Овој контролен натпревар стартува утре во 18:30 минути.