Македонската фудбалска репрезентација со победа над Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација со победа над Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години денеска забележа убедлива победа од 6-0 против селекцијата на Лихтенштајн.

Оваа селекција веќе има обезбеден пласман во елитната квалификациска рунда за Европското првенство, а ова беше последниот наптпревар од квалификациската група, каде што нашите фудбалери завршија пред Белгија и Швајцарија.