И Македонија во првото полуфинале на Евровизија

И Македонија во првото полуфинале на Евровизија

Оваа година „Евровизија 2018“ ќе се одржува во Лисабон, Португалија.Македонскиот претставник ќе пее на првата полуфинална вечер на 8-ми мај, во вториот дел на вечерта.


Освен Македонија, во првата полуфинална вечер ќе настапат Белорусија, Бугарија, Литванија. Албанија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија, Кипар, Хрватска и од Грција.
На втората полуфинална вечер на 10. мај ќе настапат претставниците на Русија, Србија, Данска, Романија, Австралија, Норвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Летонија, Грузија, Полска, Словенија и на Украина.

Во полуфиналињата учествуваат 37 држави, во првото полуфинале 19, а во второто 18. Од секоја полуфинална вечер ќе се квалификуваат по 10. песни, според гласовите од публиката и од стручното жири, во однос 50:50. Во големото финале ќе пеат и Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија, заедно со домаќинот Португалија.

Конкурсот за композиции за претставник на Македонија е до 8-ми февруари. Потоа стручна жири комисија ќе избере од пристигнатите трудови и конечно ќе се знае македонскиот претставник.