Македонија ќе оди на Светско без Борко, но со Миркуловски!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 12.12.2016 - 18:24

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Лино Червар, денес на прес конференција за новинарите го објави својот избор на ракометари кои ќе нѐ претставуваат на претстојното Светско првенство во Франција.

Малку изненадувачки, голманот на Барселона, Борко Ристовски не се најде на поширокиот список, како ни "ветеранот" Ацо Јоновски. Своето место на списокот не го добија ни Даскалоски и Прибак.

Од друга страна пак, повикан беше "пензионираниот" Филип Миркуловски, кој го потврди враќањето во националниот дрес.

Која е причината за изоставувањето на нашиот "Министер за одбрана" Ристовски, најверојатно ќе дознаеме наскоро, иако Червар на пресот веќе изјави дека тоа не е поради негово лично убедување, туку поради лошата форма на голманот.

Како и да е, се надеваме дека момците добро ќе се подготват за претстојното Светско првенство кое ќе се одржи од 11 до 29-ти јануари, 2017 година и дека ќе ни донесат бројни успеси.

На распоредот на натпревари во нашата група Ц, Македонија ќе одигра против Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.