Мајли Сајрус тајно се омажила за Нова година?!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.01.2017 - 16:55

Контраверзната американска пејачка и актерка Мајли Сајрус наводно се омажила со својот дечко Лијам Хемсфорт, за време на новогодишната вечер.

Магазинот "NW" тврди дека парот приредил тајна церемонија во Сан Диего, на која присуствувале само членовите на семејството.

"Сѐ се одигра во последен момент. На семејствата им беше кажано само неколку часа пред венчавката. Целото семејство на Лијам долета во Сан Диего, а тука беше и семејството на Сајрус. Изгледа дека тоа било идеално време, додека сите биле на куп", тврди извор близок на парот.

Мајли за време на новогодишната вечер објави фотка на Инстаграм со мајката на Лија, Леони, со својата мајка Тиш и Елса Патаки, која е во брак со Крис Хемсфорт.

Изворот тврди дека Мајли и Лијам сами ги напишале свадбените завети за свеченоста, кажувајќи си еден на друг дека се сродни души. Покрај тоа, тие наводно имаат желба што поскоро да основаат и семејство.

Пејачката ги сподели фотографиите од прославата на својот Инстаграм профил, а дали навистина станува збор за свадба, останува да видиме...