Мајли и Лијам со среден прст за папараците! (фото)

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 18.07.2016 - 12:29

Лијам Хемсворт и неговата свршеничка Мајли Сајрус го поминаа петокот на романтична вечера во Лос Анџелес. Но, славниот пар не беше воодушевен што папараците ги чекаа пред ресторанот.

Ѕвездите кои изгледаа лудо заљубени одлучија да го посетат популарниот "Nobu" ресторан, а на излегувањето таму ги дочека армија од љубопитни папараци.

Добро расположени, тие со насмевка на лицето им покажуваа среден прст на насобраните фотографи.

Иако веруваме дека тие можат понекогаш да бидат премногу напорни, на што имаме посведочено повеќе пати, ова однесување е повеќе карактеристично за проблематичната пејачка, а помалку за холивудскиот актер, кој важи за еден од најпосакуваните момци во Холивуд.

Но, сепак згодниот Лијам има големо влијание врз неа, и тоа во добра смисла, бидејќи пред да се врати во неговите прегратки таа предизвикуваше постојани контраверзии во јавноста со своето однесување и голотија.