Мајк Тајсон отвора плантажа со марихуана!

Мајк Тајсон отвора плантажа со марихуана!

Најпопуларниот боксер во историјата на овој спорт, Мајк Тајсон, планира да го искористи неодамнешното легализирање на продажбата на марихуана во рекреативни цели во Калифорнија.

Мајк ќе отвори плантажа од осум хектари со уште двајца бизнис партнери.

“Ранчот Тајсон” ќе опфаќа и школа за фармери во која ќе се учи како се одгледува марихуаната и ќе се истражуваат ефектите од медицинската марихуана. Овој простор ќе вклучува и сопствен амфитеатар и луксузен камп.

51-годишниот Тајсон ќе ја отвори плантажата недалеку од националниот парк Death Valley, заедно со партнерите Џеј Стромен и Роберт Хикман.

Калифорнија стана седмата сојузна американска држава, во која со закон на лицата постари од 21 година им е дозволено користење на марихуана во рекреативни цели. Ова подразбира легално поседување, транспортирање, набавка, потрошувачка и дистрибуција до 28,5 грама марихуана, односно осум грама концентрирана марихуана.

Продажбата на марихуана во медицински цели таму е легализирана уште од 1996 година, а овој пазар благодарение на новите закони, сигурно ќе забележи пораст.