Магазинот се извини на Меланија Трамп за обвиненијата дека е ескорт дама

Магазинот се извини на Меланија Трамп за обвиненијата дека е ескорт дама

Словенечкото женско списание “Сузи” се извини на прва дама на САД Меланија Трамп, родена во Словенија, поради написот во кој се наведува дека актуелната сопруга на американскиот претседател Доналд Трампе, покрај работата на моделот, работела и како “елитна придружба”.

АП потсетува дека списанието го објави текстот во август 2016 година и дека уредувачкиот одбор денес објави дека статијата “била разбрана како Меланија да била бизнис-придружба”.

“Ние немаме докази за тоа, па затоа се извинуваме. Ние немавме намера да ја повредиме и навредиме г-ѓа Трамп”, се вели во списанието.

Американската агенција тврди дека Меланија Трамп, преку својот словенечки адвокат, поднесе тужба за клевета против магазинот и потсетува дека оваа 47-годишна жена ја напуштила својата родна Словенија на дваесет години, а со Трампа се запознала во Њујорк во 1998 година.