Луксузна зграда во Тајван која го апсорбира смогот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.01.2017 - 17:21

Наскоро во Тајпеј, главниот град на Тајван, ќе биде отворен луксузен облакодер, кој покрај тоа што изгледа импресивно има и поважна цел - апсорбирање на смогот од воздухот.

На надворешната страна на зградата се наоѓаат 23.000 стебла и грмушки, што е иста количина на растенија како и во Централ Парк во Њујорк. Зеленилото ја прекрива фасадата, покривот и балконите на стамбената кула, а во внатрешноста се наоѓаат 40 луксузни апартмани.

Во борбата против загадениот воздух, оваа зграда ќе помогне со "проголтување" на 130 тони јаглерод диоксид годишно, што е еднакво на емисијата на 27 автомобили.

Кулата го носи името "Tao Zhu Yin Yuan Tower" и треба да биде отворена во септември, оваа година. Има 20 ката и надворешен изглед кој потсеќа на ДНК низа.