Луксузна подморница од Aston Martin

Луксузна подморница од Aston Martin

Брендот Aston Martin кој не асоцира на луксузни автомобили, овој пат има развиено концепт за луксузна подморница наречена Проект Нептун.

Таа е дизајнирана во колаборација со производителот на подморници Тriton, и ги комбинира нивните најдобри искуства поврзани со возењето и управувањето на подмориници, со луксузниот дизајн и изведба на Aston Martin.За да се осигура дека вистински ќе ги отслика идентитетите и на двете компании, луксузната подморница ќе биде базирана на една од постоечките платформи на Triton за подморници за 3 лица, која што Aston Martin ќе ја користат како почетна точка за истражување на нови дизајни и карактеристики.

Концептот на Проектот Нептун прикажува модерен дизајн, со кокпит во форма на меур кој се наоѓа во центарот на подморницата и обезбедува поглед во агол од скоро 360 степени.

Подморницата сè уште не е создадена а тоа и не се очекува во скоро време, но кога ќе дојде до тоа таа ќе биде ексклузивно возило изработено во ограничено издание.