Луксузен затвор повторно станува хотел

Луксузен затвор повторно станува хотел

Луксузниот хотел во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, кој служеше како затвор во владината кампања за борба против корупцијата, ќе биде повторно отворен следниот месец, објави хотелот на својата веб-страница.

Десетици принцови, високи функционери и водечки деловни луѓе беа затворени во прекрасниот хотел Рик-Карлтон, кога владата започна отворена акција против корупцијата во највисоките слоеви на општеството на почетокот од ноември минатата година.

Love my @ritzcarlton experience ♥ 👑 🏩 #ritzcarlton #ritz #fivestarhotel #luxury #luxurylifestyle #hotel #hotels #bedroom

A post shared by Master Suite by Jerwyn John (@mastersuite) on

Работникот на хотелот потврди дека резервациите за граѓаните ќе бидат повторно примени од 14-ти февруари. На веб-страницата на хотелот пишува дека ноќта во најевтината соба чини 650 долари.

Хотелот располага со 492 соби и апартмани и 21 хектари градина.