Лука Модриќ призна дека затаил данок

Лука Модриќ призна дека затаил данок

Лука Модриќ признал дека затаил данок и ќе плати 870.728 евра на шпанските власти.

Тој беше обвинет дека заедно со својата сопруга ја оштетиле Шпанија на тој начин што во Луксембург основал компанија, со цел избегнување на плаќањето даноци во 2013 и 2014 година.

Причината е тоа што во Луксембург данокот може да се намали на само еден процент, а во Шпанија даноците се движат од 30-51 процент.