Луис Хамилтон својот успех го должи на неговата упорност

Луис Хамилтон својот успех го должи на неговата упорност

Луис Хамилтон не го криеше задоволството од освоената четврта круна во својата кариера и изјави дека неговата упорност е најголемиот негов адут, а воедно му се заблагодари на целиот тим за големата помош. 

Возачот на Мерцедес до овој успех стигна откако на синоќешната трка за Големата награда на Мексико стигна до деветтото место, кое беше доволно за нова титула во ова натпреварување.

Најпрво сакам да му се заблагодарам на целиот тим. Она што го правеа за мене е навистина непроценливо. Низ текот на целата сезона ми даваа огромна поддршка и ме мотивираа да го дадам максимумот на секоја трка. Јас им возвратив на најдобар можен начин, бидејќи јас никогаш не се предавам, тоа ми е во срцето, по големиот успех изјави Британецот.

Со овој трофеј кој е четврти во кариерата, 32-годишниот пилот на Мерцедес стана најуспешен Британец на сите времиња, надминувајќи го легендарниот Џеки Стјуарт.