Луѓето во Истанбул ги отворија вратите да ги згреат бездомните животни!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.01.2017 - 21:08

Оваа зима е една од најстудените што ѝ се случиле на Европа во последниве години, како што и сами почуствувавме. Истото му се случи и на турскиот град Истанбул, каде паднаа преку 65см снег.

Покрај сите неволји што ги донесе ова студено време, произлезе една навистина убава работа и вест која заслужува да биде ширена и поздравена - луѓето во Истанбул ги отворија вратите на кафулињата и продавниците за да ги згреат бездомните животни!

"Ние сме луѓе и треба да бидеме хумани, тие зависат од нас и наша должност е да ги спасиме. Секој има право на живот!", изјави еден од организаторите на другата паралелна и подеднакво прекрасна и хумана акција, преку која луѓето оставаат картонски и дрвени кутии, ќебенца и храна за бездомните кучиња и мачиња.

Најдраго од се' ни е тоа што и нашите сограѓани го покажаа своето срце и ги отворија вратите за бездомните животни! Винил, Париз, Излет, Радиобар и веќе се отвораат нови и нови врати! Топло ја поздравуваме оваа акција, а доколку сакате да помогнете приклучете се на акцијата во организација на Јавна Соба koja ќе се случи утре (12.01.2017) во 17:00 часот!