Луѓето изгледаат грдо

[21.02.2012 - 12:32 часот]

Дизајнерката Вивиен Вествуд смета дека луѓето треба да учат од историските личности бидејќи така ќе научат како да се облекуваат и нема да изгледаат грдо.

Легендарната дизајнерка верува дека луѓето во денешно време немаат чувство за стил и дека никогаш не изгледале погрдо, а дека добро се облекуваат единствено жените во нивните 70-ти години, колку што има и таа години.

Вествуд смета дека луѓето во минатото имале подобра смисла за облекување и дека треба да се огледаме на нив.

"Порано било незамисливо кралицата Елизабета да се појави лошо облечена. Изгледала како да е од друга планета и била многу привлечна во секоја комбинација која ќе ја одберела.

Заради начинот на облекување луѓето никогаш не изгледале погрдо. Никој не размислува што облекува и како ќе го носи истото бидејќи на располагање постојат секакви сра*а.

Затоа, купувајте помалку, но изберете правилно", остро го критикуваше дизајнерката стилот на денешните луѓе.

Дизајнерката тврди дека се почесто посегнуваме по "брзата" и "еднократна" мода и дека наместо квалитет бираме квантитет.

Имено, на скорашната Модна Недела во Лондон, Вествуд ја претстави својата нова колекција и таа прилика ја искористи да се каже дека современото доба е најлошото во историјата на модата.

[назад]
Радио МОФ