Луѓе од целиот свет му праќаат џемперчиња на "голото пиле"!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.02.2017 - 20:53

Запознајте ја Реа - слаткото пиленце кое ги освои симпатиите на целиот свет откако ги изгуби своите пердуви поради болест.

Малата Реа стана планетарно позната откако девојката што ја посвои, Изабел Ајзенман, ја сподели нејзината приказна на Инстаграм. Реа сега на Инстаграм има преку 250.000 следбеници, кои својата љубов ја искажуваат во форма на преслатки минијатурни џемперчиња кои ги плетат за неа и ѝ ги испраќаат!