"Love Actually" ќе добие продолжение со оригиналната екипа

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 12:59

Еден од омилените романтични филмови на многумина, "Love Actually", ќе добие свое продолжение. Но, сепак нема да станува збор за долгометражен филм, туку за 10-минутен краток филм за "Comic Relief" и "Red Nose Day".

Меѓутоа, нека не ве обесхрабрува фактот што филмот ќе биде навистина краток, бидејќи ќе ја вклучува оригиналната актерска екипа.

Тоа значи дека повторно ќе имаме можност заедно да ги видиме Хју Грант, Мартин Мекачен, Кира Најтли, Лијам Нисон, Колин Фирт, па дури и Ендру Линколн.

Креаторот на првиот дел, Ричард Куртис, ќе го пишува и режира и продолжението, а "Red Nose Day Actually" ќе ја следи приказната на саканите карактери во денешен ден, 14 години после настаните во филмот од 2003 година.

"Никогаш не сонував дека ќе направам продолжение на Love Actually, но ќе биде забавно да се види во десет минути каде се сите денес и што прават", изјави Куртис.