Ливерпул со уште едно засилување

Ливерпул со уште едно засилување

Ливерпул на големо се подготвува за остатокот од сезоната, па неодамна за рекордни 75 милиони фунти го ангажираа Вирџил Ван Дијк.

Откако беше решен проблемот со одбраната, сега Клоп се насочува кон засилување на средниот ред од теренот, па наводно новото засилување на Ливерпул ќе биде 22-годишниот Леон Горецка кој што настапува во екипата на Шалке.

Германски „Билд“ пренесува дека „Редси“ веќе имале договор со играчот, а тој би требало да се пресели на „Енфилд“ по крајот на сезоната која му истекува договорот со Шалке. За Горецка претходно покажаа интерес и Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем, но наводно тој веќе направил избор, па неговата следна дестинација ќе биде Ливерпул.

Да потсетиме, Ливерпул имаат договор и со Наби Кеита од екипата на Лајпциг кој што би требало да се приклучи на екипата на Клоп на лето.