Ливерпул оствари убедлива победа

Ливерпул оствари убедлива победа

Ливерпул оствари исклучително важна и убедлива победа на гостувањето кај Борнемут каде славеше со 4-0.

Со овој триумф, црвените станаа првиот тим од Топ-5 лигите кој остварил четири победи по ред на гостински терен со најмалку три постигнати голови. Пред Борнемут, Ливерпул ги победи Брајтон со 5-1, Стоук со 3-0 и Вест Хем со 4-1. Такво нешто не му успеало досега ни на Сити, ни на кој било друг клуб од Премиер лигата.

Но, ако на гости растура, тимот од Енфилд на својот стадион се наоѓа во серија од три нерешени резултати поради кои е далеку од борбата за шампионската титула.