Линдзи Вон планира враќање на скијачките патеки

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 05.01.2017 - 17:08

Американската скијачка Линдзи Вон најверојатно многу наскоро ќе се врати на скијачките патеки и тоа на 14 и 15-ти јануари во Алтенмаркт, изјави вчера директорот на американската скијачка репрезентација Патрик Римл.

Рекордерката по бројот на победи во светските купови на 11-ти ноември за време на тренинг ја скрши десната рака, по што мораше да подлегне под операција и да направи пауза.

Оваа недела таа започна да тренира во Колорадо, а наредната недела планира да отпатува во Европа, каде повторно ќе настапи на Светскиот куп.

На скијачката патека Алтенмаркт во Австрија, на 14-ти и 15-ти јануари ќе се возат трките во спуст и комбинирано скијање. Вон, која е четворократна победничка на Светскиот куп, нема настап од февруари 2016 година.