Ирина Шајк, совршенство без мана и по породувањето!

Ирина Шајк, совршенство без мана и по породувањето!

Една од најубавите жени на светот заслужено ја носи таа титула, a тоа постојано го докажува и со својот совршен изглед по породувањето.

Ирина Шајк пред три и пол месеци на свет го донела своето прво дете, ќерката на која таа и Бредли Купер и го дале името Леа де Сена Шајк Купер.

Русинката која важи за една од најсексапилните жени на планетата, многу брзо ја вратила својата стара линија, па на нејзиното тело не може да се забележи дека зад себе има породување.

Веруваме дека многу мажи ширум светот во оваа слика ќе гледаат без здив, бидејќи Ирина го почастила со природно, а толку секси издание во долна облека.

Инакиу, Ирина пред оваа фотографија со која го “запалила” Инстаграм, само четири седмици по породувањето објавила фотографија во бикини, со која јасно ставила до знаење дека и нема рамна.