Левандовски со надеж дека ќе го совладаат ПСЖ со 4-0!

Левандовски со надеж дека ќе го совладаат ПСЖ со 4-0!

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски со голема доза на оптимизам го најавува последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Баварците на „Алијанц Арената“ ја пречекуваат екипата на ПСЖ и на избраниците на Јуп Хејнкес ќе им биде потребна победа од најмалку 4:0 за да завршат на првото место во групата. Според полскиот напаѓач, тоа воопшто не е невозможно.

„Треба да се обидувате се додека има било каква можност. Секако дека е тешко да се совлада ПСЖ со 4:0, но ќе играме на својот стадион пред своите навивачи и сигурен сум дека можеме тоа да го направиме“, изјави Роберт Левандовски и додаде:

„Ќе дадеме од себе се што можеме. Ако некој може со таков резултат да го победи ПСЖ, тоа сме ние“, изјави Роберт Левандовски.