Летни скопски тераси, на кои можете да уживате оваа есен!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 22.09.2016 - 17:40

Кога ќе дојде викенд, а времето е убаво, сигурно често се соочувате со прашањето "каде да седнете со своите пријатели или семејството, а да ви биде пријатно?".

Соочени со овој проблем, особено во време кога претстојат пријатните есенски температури, кога сѐ уште може да се седи на летните тераси, а не е претопло за да се препотувате додека уживате во пријатниот амбиент, решивме да ги истражиме локациите кои би можеле да ви послужат како предлог за наредниот пат кога ќе ја имате оваа дилема.

За првото издание се одлучивме за едно преубаво скопско урбано катче, кое во истиот стил и неповторлив дух функционира во нашиот град веќе 20 години. Станува збор за "Гостилница Лира".

Сокриен од градскиот метеж и гужвите во Дебар Маало, овој ресторан пред сѐ нуди извонредно приготвена храна, а на своето мени имаат и голем дел од уникатни специјалитети по кои е познат ресторанот, како што е домашната пита, месото "а ла Лира", даските и многу други специјалитети.

Она што нѐ освои нас за да го избереме ова место како прво, е летната тераса на која во секое време од денот ќе се чувствувате неверојатно пријатно, без разлика дали го пиете утринското кафе со колегите или ручате во недела со своето семејство.

Летната тераса изобилува со природни елементи и чувство на интимност, па е совршен избор доколку сакате да се релаксирате и опуштите.

Преку ноќ оваа тераса се претвора во магично место каде под нежната светлина на свеќите можете да уживате во одлична жива музика, чаша квалитетно вино и парче квалитетно приготвено месо, или едноставно да се соберете со пријателите на пиво и мезе и да уживате во атмосферата.

Ние ја посетивме "Лира" и си поминавме навистина одлично, па од сѐ срце ви ја препорачуваме и вам!