Лесни и освежителни брзи коктели за летните денови!

Лесни и освежителни брзи коктели за летните денови!

За убаво освежување во текот на жешките летни денови на сите љубители на коктели, како и на сите останати кои сакаат нешто вкусно им  препорачуваме три лесни коктели, кои не само што изгледаат убаво туку се и многу едноставни за подготовка. 

1) Коктел со пенливо вино

Потребни состојки:

  • 2 шолји бело пенливо вино
  • 1,5 шолја сецкани јагоди
  • ¼ шолја сок од лимон
  • ½ шолја вотка
  • Мраз
  • Нане за декорација

Начин на подготовка:

Во блендер измиксајте ги белото вино, јагодите, сокот од лимон и вотката. Наполнете го блендерот до половина со мраз, а потоа миксирајте се додека смесата не стане кашеста.

Ставете ја течноста во чаши и декорирајте со ливчиња нане.

2) Мимози со лимон

Потребни состојки:

  • 2 лажици кора од лимон
  • ½ шолја шеќер
  • 1 лимон, исецкан на тенки кругови
  • 1 шише пенливо бело вино
  • 2 шолји лимонада

Начин на подготовка:

Во плиток сад измешајте ги кората од лимон и шеќерот.
Поминете го работ од чашата со парче лимон и потопете ги рабовите со шеќер.

Ставете едно парче од исечканиот лимон на работ од чашата за декорација.Наполнете ја чашата до половина со белото вино и дополнете ја со лимонада.

3) Сирена коктел

Потребни состојки:

  • 2 шолји мраз
  • ¼ шолја Blue Curacao
  • 1 шолја бел рум
  • 2 шолји лимонада
  • 4 парчиња лимон за декорација
  • 8 цреши за декорација
  • 4 чадорчиња за коктели

Начин на подготовка:

Во четири чаши ставете мраз. Во секоја чаша додадете Blue Curacao, рум и лимонада. Мешајте додека состојките не се соединат. Доколку преферирате многу мраз, најпрво измешајте ги течностите, а потоа ставете ги врз мразот. Набоцкајте по едно парче лимон и две цреши на секое чадорче и лимонадата за сирени е готова.