Лео Меси по четврти пат доби „златната копачка“

Лео Меси по четврти пат доби „златната копачка“

Лионел Меси го стигна Кристијано Роналдо со освојувањето на четвртата „златна копачка“ добивајќи ја наградата за најдобар стрелец во сезоната 2016/17.

Меси постигна 37 гола во Ла лига во 2016/17 година, по четврти пат да ја освои наградата по успесите во 2010, 2012 и 2013 година. Неговиот импресивен скор дојде од 34 натпревари и тој ги победи Баст Дост, кој постигна 34 гола за Спортинг во португалската лига и Пјер-Емерик Обамејанг, кој имаше 31 гол во Бундеслигата за Борусија Дортмунд.

Роналдо, кој ја освои наградата во 2008, 2011, 2014 и 2015 постигна 25 гола лани и не беше ниту во топ 5. Луис Суарез беше петти со 29 гола, еден помалку од четвртопласираниот Роберт Левандовски за Баерн Минхен.

Македонија исто така има свој поранешен носител на оваа престижна награда, откако Дарко Панчев во 1991 година го доби трофејот за 34-те гола со тогашниот европски шампион, Црвена звезда.