Lenovo го претстави новиот паметен телефон - Zuk Edge

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 21.12.2016 - 17:31

Компанијата Lenovo го претстави својот нов паметен телефон, кој го носи називот Zuk Edge. Станува збор за паметен телефон со 5,5-инчен Full HD закривен екран, кој потсетува на Galaxy телефоните на Samsung.

Телефонот поседува Snapdragon 821 процесор, Adreno 530 графичка картичка, батерија од 3.100 mAh, сензор за отпечаток од прсти, задна камера од 13 мегапискели и  предна од 8.

Достапен е во две верзии од 4 и 6 GB RAM меморија, а нуди 64 GB интерна меморија. Исто така, поддржува можност за брзо полнење.

Уредот го користи оперативниот систем Android Nougat, а цената изнесува 330 за една или 360 долари за посилната верзија.

Купувачите може да бираат меѓу две бои - Ceramic бела и Titanium црна. Сега за сега овој телефон е наменет за кинескиот пазар, а се надеваме дека наскоро ќе го видиме и на европскиот пазар.