Лек против алкохолизмот

[27.01.2012 - 15:36 часот]

Лекот од групата на мускулните релаксанти помага во одвикнувањето од алкохолот, тврди американскиот доктор кој со примената на овој лек и самиот се излечил од оваа болест на зависност која погодува милиони луѓе ширум светот, пренесуваат француските медиуми.

Оливије Амизан од Њујорк кој е доктор по струка, тврди дека од алкохолизмот се излечил брзо, ефикасно и без никаков напор земајќи го лекот Баклофен кој се препишува како мускулен релаксант и тоа во најголем број на случаи при лечење во невролошката патологија.

Тој планира на почетокот на септември да издаде студија во која ќе бидат детално изложени резултатите од истражувањето, и ќе биде објаснет механизмот на елиминација на желбата за пиење стимулирана од овој лек.

Сепак, голем број на експерти се сомневаат во врска со овој "чудотворен лек", бидејќи истакнуваат дека алкохолизмот претставува и вид на психолошка болест и дека без терапевт, пациентот брзо може да се врати во претходната состојба на зависност.

[назад]
Радио МОФ