Лејди Гага во документарец зборува за своите најдлабоки тајни!

Лејди Гага во документарец зборува за своите најдлабоки тајни!

Gaga: Five Foot Two“ е насловот на документарниот филм кој го прикажува животот на 31 годишната пејачка Лејди Гага.

Таа е позната по тоа што постојано ги изненадува своите фанови со појавувања, изјави и перформанси, па веруваме дека и документарецот ќе биде мошне инспиративен.


Пејачката сподели неколку кратки тизери на нејзиниот профил на Instagram. Во еден тизер може да видиме како Гага, чие вистинско име и е Стефани Џоен Ангелина Германота, плаче бидејќи е оставена сосема сама.

– Сама сум, Брендон, секоја вечер. Сите луѓе ќе си заминат, така? Сите ќе си одат, а јас ќе останам сама. Од моментите кога сите ме допираат и ми зборуваат по цели денови, до целосна тишина, зборува Гага низ плачлив глас.

Можеби ова е најискреното нешто што ќе го видиме од Гага, која дозволува на секој да ѕирне во нејзиниот вистински свет. Документарниот „Gaga: Five Foot Two“ ќе се емитува на HBO на 22 септември.