Легендарниот “мини облакодер”

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 04.10.2017 - 10:10

Оваа приказна датира речиси половина век, и станува збор за светски познатиот архитект Ричард Мејер и неговиот дизајн за белиот “мини облакодер”.

Младиот брачен пар Суарез најпрво го најмуваат случајно, архитектот Ричард Мејер во тоа време на почетокот од својата кариера за реновирање на својот стан но подоцна тие стануваат добри пријатели.

Во 1971 год. двојката Суарез ја купиле својата прва куќа на островот Фајер Лонг Ајленд. Како и повеќето домови во областа, тоа било дрвена структура без климатизација и изолација, но имала неверојатни погледи кон заливот и огромно плафторма на која смејството ги организирале сите свои забави.

"Имаше многу љубов и прекрасни моменти во ѕидовите ", рече г-дин Суарез.

Токму тоа било најболниот момент кога пожар во 2011 година ја уништил куќата. Тоа беше 40 години на слики, моменти и подароци уништени за момент вели г-ѓа Суарез.

Неколку недели подоцна, додека семејството сеуште се опоравувало од немилиот настан, тие имале една од нивните редовни вечери со г-дин Мејер, кога тој понуди да им помогне да се обнови куќата.

Во тоа време архитектот кој веќе ја имал добиено Прицкеровата награда и бил познат по амбициозни проекти како Гети центар во Лос Анџелес било зачудувачки за нив да има интерес за волку мал проект.

Но г-дин Мејер ја сакал идеата бидејќи после 50 години занимавање со големи проекти тој повторно имал можност за изгради објект на местото каде што во 1961 ја изградил својата прва куќа за уметникот и илустратор Саул Ламберт.

На овој начин оваа неверојатна структура од челик и стакло настанала и денес стои како еден од највпечатливите проекти на Ричард Мејер.