Lamborghini и официјално го претстави новиот Aventador S

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 19.12.2016 - 17:50

Компанијата Lamborghini неодамна објави мистериозен тизер, а сега и официјално го претстави новиот Aventador S.

Освежениот модел доаѓа со ознаката S, што значи дека поседува поаеродинамична каросерија базирана на SV моделот со поагресивен преден дел, масовен сплитер кој го насочува воздухот за подобрување на ладењето, како и преден браник со два странични отвори.

На централниот дел од задниот браник има три издувни цевки кои се дел од новоразвиениот издувен систем кој е за 20% полесен од претходниот.

Моделот LP 740-4 поседува 6,5-литарски V12 мотор кој испорачува 40 коњски сили повеќе од претходно, па сега има вкупно 740 КС. Силата се пренсува на сите четири тркала преку 7-степениот ISR менувач.

Од 0 до 100 km/h забрзува за 2,9 секунди и достигнува максимална брзина од 350 km/h. Исто така, поседува систем за управување на сите тркала, опремени со Pirelli P Zero гуми, со што се подобрува стабилноста.

Во внатрешноста има вградено нов дигитален систем на инструменталната табла со разни прикази во однос на одбраната верзија на возење Strada, Sport, Corsa или Ego.

Испораката на овој модел се очекува од идната пролет, а цената во Европа ќе изнесува вртоглави 281.555 евра.