Ламар Одом фатен со девојка која е копија на Клои Кардашијан!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.03.2017 - 20:58

Очигледно дека кошаркарот Ламар Одом си има свој тип на девојки. :)

Имено, Одом неодамна беше уловен од папараците во Беверли Хилс заедно со непозната блондинка која неверојатно потсетува на неговата поранешна сопруга Клои Кардашијан.

За потсетување, кошаркарот се разведе од Клои Кардашијан откако неговиот нездрав живот исполнет со дрога, алкохол и проститутки кулминираше со тоа што беше пронајден онесвестен во бордел, а Клои одлучи да стави крај на сето тоа. Сега таа е во среќна врска со кошаркарот Тристан Томпсон и не ни помислува да му се врати на Ламар.

Во меѓувреме, се дозна дека мистериозната девојка со раскошни облини како оние на Клои е всушност новата асистентка на Ламар Одом, но познавајќи го неговиот карактер, сигурно ќе направи некоја белја. :)