Купил Ферари за 220.000 евра и го удрил за 60минути

Купил Ферари за 220.000 евра и го удрил за 60минути

Од нов сопственик на 430 Scuderia, до сопственик на удрено Ferrari за само 60минути.

Така накратко би можело да се опише несреќната судбина на 31годишниот британец кој во рок од сат време го оствари својот возачки сон, а потоа го доживеа и најголемиот кошмар.

Откако плати 220.000 евра и стана сопственик на моќното Ferrari со 503 конски сили, тргна да ја повози својата нова „машина“.

Недостаток на искуство во возењетона еден таков голем автомобил како што е 430 Scuderia и влажниот асфалт доведоа до губење на контролата над возилотои излета од патот.

Автомобилот на крајот се запали, но за среќа возачот успеал да го напушти возилото пред тоа, проаѓајки со лесни повреди.