Купи Huawei P10 во пред-продажба и добиј подарок!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 31.03.2017 - 10:47

Супер вести од Huawei, секој корисник, кој ќе го купи новиот модел во периодот од 1 – 15 април, добива подарок -надворешна батерија, USB кабел со адаптер Type-C, автомобилски полнач и селфи стик со трипод.


Oд Huawei најави дека започнува пред-продажба во Македонија на новиот модел P10, со подарок луксузна кутија со додатоци. Прелиминарните нарачки почнуваат од утре, 1 април, и ќе траат до 15 април во мрежата на мобилниот оператор Македонски Телеком и синџирот продавници Neptun. Така најстраствените корисници ќе се здобијат први со возбудливиот нов модел, уште пред неговото официјално трговско деби на 15 април. Покрај оваа можност, корисниците ќе бидат изненадени и со подарок стилски комплет со додатоци како надворешен батерија, USB кабел со адаптер Type-C, автомобилски полнач и селфи стик со трипод.

Huawei P10 пристигнува во Македонија со исклучителни технички и уметнички фотографски карактеристики – нова двојна главна камера од Leica (20 мегапиксели монохроматски сензор и 12 мегапиксели RGB сензор), како и предна 8 мегапикселна Leica камера за исклучителни селфи слики, прецизна 3D технологија за детектирање на лице, 5,1-инчен стаклен дисплеј Corning Gorilla 5, сензор за отпечатоци веќе во предниот дел на телефонот, најмоќниот процесор Kirin 960 со најновата верзија на интерфејсот EMUI 5.1., голема 3,200 mAh батерија која поддржува SuperCharge технологијата за супер брзо полнење. Моделот ќе се нуди во боите Mystic Silver (мистично сребрена), Graphite Black (графит црна) Prestige Gold (престижно златна) и Dazzling Blue (сјајно сина). Информации за купување на новиот модел, начинот на испорака, како и на подарокот, ќе бидат достапни во сајтовите на партнерите од утре, како и на официјалниот сајт на Huawei http://consumer.huawei.com/minisite/mk/p10preorder/index.html