Култната фотографија на Алберт Ајнштајн продадена за 125.000 долари

Култната фотографија на Алберт Ајнштајн продадена за 125.000 долари

Анонимен купувач платил 125.000 долари за фотографијата на Алберт Ајнштајн кај што го има исплазено јазикот.

За овој износ добил една од првите испечатени верзии на таа фотографија, кој ја има потпишано славниот физичар.

Фотографијата е настаната 14 март 1951 година од страна на Артур Саше, фотограф во УПИ, во кое вработените се двоумеле дали да објават таква фотографија на нобеловец. Кога тоа го направиле на Ајнштајн толку му се допаднало што нарачал неколку такви примероци, како би им ги поделил на блиските пријатели.