Кучиња нуркачи (фото)

[17.02.2012 - 23:04 часот]

Фотографот Сет Кастел од Лос Анџелес немал идеја колку многу социјалните мрежи можат да помогнат во заработката на пари, па така, едно утро тој многу се изненадил од неговата сметка во банката, на која му стигнале уплати за фотографиите на кучињата кои нуркаат, а кои ги поставил на мрежите Редит и Гугл Плус.

"Едно утро се разбудив, отидов во банката и сфатив дека имам цел куп пари на банковната сметка", изјавил Сет Кастел за "Hafington post".

Фотографот ја направил колекцијата со кучиња нуркачи пред еден месец, а неговиот албум објавен на Фесјбук, "заработил" 30,000 "лајкови" и бил споделен од речиси 22,000 луѓе.

Имено, идејата на Сет била преку неговите фотографии да им ја покаже на луѓето страната на кучињата која порано не ја виделе.

"Кучињата имаат диви инстинкти. За мене, тие инстинкти се најинтензивни во моментот кога кучињата ќе влезат во водата.

Тука тие се враќаат на нивната вистинска природа. Сакаат да бидат диви, а под водата ги имаат најголемите шанси за тоа", објаснува фотографот.

[назад]
Радио МОФ