Куче тажи на Адел (видео)[17.02.2012 - 23:50 часот]
|
Ова беше едно среќно и весело куче - се додека Адел не ја испеа "таа тажната"... Емотивното куче едноставно не можеше да оддолее на напливот на емоции и да ги сокрие своите чувства кога газдите му ја пуштија песната "Someone like you" на познатата Британка.
Тоа стоеше пред огледалото, тажно гледајќи во својот одраз и, одвреме навреме вртејќи се кон камерата, неутешно цвилеше.

Дали љубената од паркот не му ја возвратила љубовта или му недостасуваат браќата или сестрите - сеедно е, изгледа дека песната навистина го "погодила"...
| [назад] |















